Утрински Весник
Балкан

Голем пожар избувна во населбата Соколана во Бар, Црна Гора

111.jpg

Денеска по 15 часот, голем пожар избувна во населбата Соколана во Бар, Црна Гора. Над градот се надвисна густ црн чад, а екипи на пожарникари веднаш пристигнале на терен за да го гасат огнот, јавува Радио Бар.

Жителите на Соколана изјавиле за порталот Приморски дека пожарот се случил на околу педесет метри од куќи. Според нив, пожарникарите брзо реагирале и избегнале поголеми последици. Како што пренесуваат, во воздухот се чувствува непријатен мирис на запалени гуми.

Засега нема информации за причините за настанување на пожарот, а локалните власти продолжуваат со истражувањето на инцидентот.

Можете да прочитате

Студентите и средношколците во Хрватска најавија штрајк

Поранешен косовски министер уапсен во Приштина поради трговија со дрога

Бизнисмените во Црна Гора незадоволни од моделот за раст на платите: Планираат отпуштања и зголемување на цените