Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Донесовме одлука да ја зголемиме двојно субвенцијата за хектар јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари

Mickoski.webp.webp

„Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица истовремено ќе додадам тука се и производителите на јачмен”, изјави премиерот на Владата на новинарското прашање во врска со проблемот на производителите на пченица со откупот и додаде:

„Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм, така што продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес и политика на оваа Влада.”

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара