Утрински Весник
Скопје

Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија

33 Godini Nezavisnost.jpg

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, општина Гази Баба трета година година по ред организира голем музички настан.

Оваа година настанот ќе се оддржи на 5 Септември со почеток во 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда под мотото “Македонија живее”.

Од општината информираат дека за настанот е подготвена богата културно – уметничка програма, како и перформанс во кој ќе учествуваат македонски актери.

Во музичкиот дел на програмата ќе учествуваат Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Бојана Скендеровски, Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски, хорот Св. Злата Мегленска и вокално инструменталната група Аманет.

Можете да прочитате

Жители на Шуто Оризари во трка со времето: Соседите сами го гаснат големиот пожар

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии

Жичницата на Водно нема да работи од вторник до петок