Утрински Весник
Свет

Французин ја дрогирал сопругата и наоѓал мажи да ја силуваат со години

Siluvanje 770x470 1.jpg
Dik 300x250 mk

Во Франција почна судењето против 71-годишниот пензионер од Авињон поради што ја дрогирал сопругата и дозволил 72 мажи да ја силуваат.

Тој мажите ги наоѓал преку интернет, а полицијата идентификува само 51 маж на возраст од 26 до 74 години. Жената трпела сексуално насилство цела деценија, но не била свесна бидејќи била под силни седативи.

Полицијата соопшти дека на неговиот компјутер пронашла стотици слики и видеа од неговата сопруга, видно онесвестена и главно во положба на фетус.

Полицијата почна да го истражува обвинетиот Доминик П. во септември 2020 година, кога тој беше фатен како тајно снима под здолништата на три жени во трговски центар.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците