Утрински Весник
Македонија

Филипче на тринаесетата Корчуланска школа

Filipche.webp.webp

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче учествува на тринаесетата Корчуланска школа, посветена на политичката, економската, социјалната и културната ситуација во регионот, предизвиците и одговорите во поширокиот контекст на социјалдемократската и прогресивната политика, која се одржува на 30 и на 31 август 2024 година во Хрватска.

Филипче, ќе има свое обраќање пред повеќе од седумдесет учесници, политичари од високо ниво од прогресивните и социјалдемократските партии во регионот на Југоисточна Европа и нивните колеги од големото социјалдемократско семејство.

Во рамките на Корчуланската школа, претседателот на СДСМ Венко Филипче, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со поранешната министерка за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, со Бјорн фон Сидоф, раководителот на програми на меѓународниот центар Олоф Палме, Лин Лукшандл,  претсавниците на родовата мрежа на Централна и Источна Европа и други.

Во рамките на годишната Корчуланска школа се одбележува триесет години од постоењето на Мрежата на за родови прашања на Централна и Источна Европа, нејзините предизвици, достигнувања, активности и стратегии.

На тема „Трансофрмирање на политиката преку родова перспектива”, ќе има сесии и за „назадувањето” и ударите врз концептот на родовата рамноправност, кои ги турка политичката десница. 

Корчуланската Школа е реномирана регионална тинк-тенк организација од Југоисточна Европа. Тинк-тенкот Корчула 2024 е организиран во соработка со Меѓународниот центар Олоф Палме Шведска, Европскиот форум за демократија и солидарност (ЕФДС) и Фондацијата Фридрих Еберт.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор