Утрински Весник
Свет

Доживотен затвор за политичар од Невада за убиство на новинар кој го критикувал

20240829073254 Big 730x400 30.webp.webp

Поранешен политичар од Невада е прогласен за виновен за убиство на новинар кој пишувал за неговите афери. Роберт Телес (47) е во затвор од 2022 година. Тој беше уапсен под сомнение дека го убил истражувачкиот новинар Џеф Герман.

Во текот на судењето, обвинителите и презентираа на поротата ДНК докази пронајдени под ноктите на новинарот, кои му припаѓале на Телес. Иако поранешниот политичар тврдеше дека е невин, поротата вчера го осуди на доживотен затвор. Тој има право на условно ослободување по одлежување 20 години, пишува Би-Би-Си.

Во септември 2022 година, полицијата го пронашла телото на Герман (69) пред неговата куќа во Невада. Бил прободен седум пати во вратот и торзото.

Обвинителите за време на судењето рекоа дека Телес го убил новинарот поради критички написи.

Герман еднаш напиша дека Телес имал несоодветен однос со член на неговиот персонал. Во 2022 година, демократот Телес ги загуби изборите за втор мандат како јавен администратор откако беа објавени написите на Герман.

Полицијата пронашла снимка од безбедносните камери на кои се гледа маж како го убива новинарот. Тој носел голем сламен шешир и патики. Обвинителите тврдеа дека на видеото се гледа поранешниот политичар.

Герман ја покриваше градската рубрика и корупцијата повеќе од 40 години. Пред неговата смрт, тој подготвувал уште еден текст за Телес.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години