Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Pozhar 4.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 39 пожари на отворен простор.

Од нив, сѐ уште активни се пет пожари, под контрола е еден, а останатите се изгаснати, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното, мешана шума гори на планината Мукос, кај селото Степанци и место викано „Кациица“, на граница меѓу општините Долнени и Чашка.

Ниска вегетација и нискостеблеста шума се опожарени во општина Студеничани, над селото Црвена Вода, кај место викано „Крста“.

Ниска вегетација гори меѓу селата Горно Количани и Љубош во општина Студеничани.

Нискостеблеста шума и сува трева горат меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали на територијата на општина Штип.

Последниот активен пожар е во општина Лозово, кај селата Дурфулија и Каратманово, каде гори борова шума.

„Под контрола“ е категоризиран пожарот на планината Галичица, на територија на општините Охрид и Ресен.

Можете да прочитате

Арсовска до Николовски: Откако цела држава виде дека имаш надлежност да рушиш дивоградби, почни со тие што се реална закана

„ДУИ ги остави пожарникарите на немилост, вработуваме 400 пожарникари и градиме функционален систем за противпожарна заштита“, велат од „Влен“

На граничните премини без поголеми задржувања за влез и излез од државата