Утрински Весник
Македонија

Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче

20240828105609 Big 730x400 27.webp.webp

Изгаснат е големиот пожар кај селото Татар Елевци, како и оној на депонијата на селото Могорче, потврди Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.

– Се гаснеше во текот на целата ноќ, бидејќи пожарот се прошири и постоеше опасност по селото Горно Рајчица. Освен недостапниот терен, дополнително врз проширувањето на пламените јазици влијаеше ветерот. Но, со максимална ангажираност е локализиран, рече Ајроски.

Според него, во гаснењето биле вклучени дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население.

– Зафатена беше површина од 40 хектари мешана дабова шума и сува трева. Во претходниот пожар пред дваесеттина дена, што беше над истото село беа опожарени 30 хектари, вели тој.

Упати апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително однесување веднаш да пријават на 112 или во дебарската полициска станица.

Можете да прочитате

Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на структурите и финансиските текови зад трговијата со дрога

Мицкоски: Логично е во присуство на претставници од ЕУ да се преговара со Бугарија затоа што аргументите треба да се слушнат објективно