Утрински Весник
Скопје

Интензивна работа на зеленилото во Чаир: кроени над 250 дрвја, отстранети околу 100 ризични дрвја

268c6490 b60d 44fd 83b4 fedd3663e5b0.jpeg

Општина Чаир повеќе од три недели спроведува интензивна акција за одржување и унапредување на зеленилото на јавните површини. По иницијатива на Општината, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило” и компанијата АДМ-АЛ, досега се искроени над 250 дрвја, а отстранети се околу 100 суви и ризични дрвја.

Интервенциите се изведуваат професионално и во зависност од условите на терен, вклучително и со методата tree climbing на локациите каде што е потребен специјализиран пристап. Паралелно со кроењето и отстранувањето на ризичните дрвја, се врши и собирање и транспорт на гранките, зелениот отпад и останатиот материјал по извршените интервенции.


Работите се одвиваат согласно Законот за урбано зеленило и соодветните законски надлежности. Акцијата не е привремена активност, туку ќе продолжи во период од една година, опфаќајќи ги сите локации на територијата на Чаир каде што ќе биде утврдена потреба од интервенција.

Со оваа акција се цели кон подобро одржување на урбаното зеленило, отстранување на дрвјата кои претставуваат ризик и создавање побезбедни и поуредени јавни површини за граѓаните.

Можете да прочитате

Повик за упис и ажурирање на податоците во бизнис регистарот на Општина Кисела Вода

Во општина Илинден ќе се одржи првата улична атлетска трка „ILINDEN LIFE RUN“

Нов спортско-рекреативен центар во Радишани горна зона