Утрински Весник
Македонија

Најниска температура измерена во Лазарополе, највисока во Скопје-Зајчев Рид

Zlokukjani View From Zajcev Rid.jpg

Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 11 Целзиусови степени, а највисоки 23 степени се измерени во Скопје-Зајчев Рид.

Во Берово се измерени 12 степени, 13 Битола и Попова Шапка, 14 во Маврови Анови, 15 Претор и Охрид, 16 степени во Струмица и Крушево, 17 Крива Паланка и Тетово, 18 степени во Демир Капија и Прилеп, 19 Куманово и Гевгелија, 20 степени во Штип, Кавадарци и Виница, 21 Скопје-Петровец и 22 степени во Велес.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Максималната температура ќе достигне од 28 до 35 степени. UV=6Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер одсеверен правец.

Попладне во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд,грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. цр/Фото: МИА архива .

Можете да прочитате

Со изложбата „Еве го човекот” заврши второто издание на ГИГА Фест

Санкции за превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Сиљановска Давкова ги пречека победниците на 37. Охридски пливачки маратон и ги додели пехарите