Утрински Весник
Свет

На самит во Украина формирана „Карпатска осумка“ за трговија и безбедност

Image 2026 09 18 202735925.png

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешниот Самит во Украина почна нова регионална иницијатива, која обединува осум земји од Централна и Источна Европа, кои ги делат Карпатите, со цел да се промовира трговската и безбедносната соработка.

На состанокот во западна Украина, Зеленски им се заблагодари на регионалните сојузници за одржување на отворени трговските и транспортните врски по руската инвазија во 2022 година.


Новото групирање ги обединува Романија, Србија, Полска, Словачка, Чешка, Австрија, Унгарија и Европската Унија.

Премиерот на Полска, и претседателите на Србија и Романија, Александар Вучиќ и Никушор Дан присуствуваа на инаугуративниот настан, што се очекува да трае до недела.

– Ова е почеток на движење кое треба да ги зближи нашите земји уште повеќе и да создаде уште една силна рамка за соработка на ниво на ЕУ, истакна Зеленски.

Тој посочи дека соработката ќе се прошири и во енергетиката, логистиката, прекуграничната трговија и безбедноста.

– Секако безбедносните прашања се приоритет сега и во наредните години, истакна Зеленски.

Тој најави дека на форумот ќе присуствуваат околу 550 претставници на бизнисот, а ќе бидат потпишани инвестициски и трговски договори во вредност од милијарда евра.

Можете да прочитате

Русија и Кина бараат Јапонија да ги отстрани американските ракетни системи „Тајфун“

Туск: Полска се придружува на ракетната коалиција предводена од Украина

До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници