Утрински Весник
Свет

Гутереш издаде „глобален SOS“ за Пацифичките острови поради покачувањето на нивото на морето

20240827082840 Big 730x400 52.webp.webp

На самитот на Форумот на Пацифичките Острови што се одржува во Тонга, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, издаде предупредување за „глобален СОС“, пред се, заради порастот на нивото на морето во регионот на Тихиот Океан.

-Во Тонга сум за да издадам глобален СОС – Save our seas (Зачувајте ги нашите мориња) – заради растењето на нивото на морето, рече Гутереш.

Генералниот секретар предупреди дека на регионот на Пацификот му се заканува „глобална катастрофа“.

Гутереш ги претстави резултатите од истражувањето кои укажуваат дека порастот на нивото на морето во регионот на Пацификот е побрзо од глобалниот просек.

Пацифичките острови, ретко населени и без тешка индустрија, годишно испуштаат помалку од 0,02 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови.

Според новиот извештај објавен од Aгенцијата за клима на ОН, во последните 30 години во одредени делови на Пацификот  нивото на морето се зголемило за околу 15 сантиметри.

Глобалниот просек е 9,4 сантиметри, покажува истражувањето на Светската метеоролошка организација.

Можете да прочитате

Норвешката принцеза се омажи за американскиот шаман

Инвазивни пчели се појавиле на Малта, научниците се плашат дека може да се прошират во Европа

Руските сили ја презеле контролата врз селото Кирово во Доњецк