Утрински Весник
Македонија

Тошковски за Сител: До сега одговараа врховен судија и член на совет на јавни обвинители, се водат истраги, очекувам признанија за повеќе кривични дела

01 1.jpg

Во интервју за ТВ Сител министерот за внатрешни работи Панче Тошковски запрашан за најавите за водење на истраги низ институциите кои индицираат големи криминали, нагласи дека истраги имало, има и ќе има и потенцираше дека тие се водат врвно професионално и очекува силни ефекти од истите.

„Јас не се сеќавам во последните дваесеттина години од историјата на Македонија, да одговарал врховен судија или член на совет на јавни обвинители и претходно да признаат вина дека на сметка на македонските граѓани се богателе финансиски изминатиот период. Во рамки на една максимално професионална постапка беше истерана целокупната работа. Ќе продолжиме со докази и факти, со конкретни дејствија да работиме во насока на интересот на граѓаните. Во иднина очекувам повеќе признанија за повеќе кривични дела. Притоа сето она што е ограбено на сметка на граѓаните да се врати таму каде што му е местото”, дециден беше министерот Тошковски.

Можете да прочитате

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија

Исчезната е Владанка Спиковска од Скопје – доколку некој ја види веднаш пријавете