Утрински Весник
Македонија

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Pozar 6.webp.webp

Во државава активни се осум пожари,а три се под контрола од вкупно 20 регистрирани на отворен простор заклучно со 18 часот – информира вечерва Центарот за управување со кризи.

Во село Копаница во општина Сарај гори ниска вегетација, а во гостиварското село Трново и во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Пожари има и над село Нежилово, во Чашка, кај местото викано Сватови (ниска вегетација и единечни дрва), во село Копанце во општина Јегуновце (мешана шума), над касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација), кај старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација) кај охридските села Велмеј и Брежани (ѓубре и ниска вегетација), како и во прилепското село Црнилиште (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите на депонија во Делчево и во село Црквенец, каде гори ниска вегетација, како и кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер во општина Студеничани и кракот кон село Палиград, над селата Вражале и Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума).

Можете да прочитате

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син

Детали: Од „аудито“ не остана речиси ништо – загинаа братче, сестричка и нивната баба во Словенија