Утрински Весник
Македонија

Малолетник на мотоцикл бегал од полиција, паднал и тешко се повредил

Motor motociklist soobrakjajka.jpg

На 28.08.2026 околу 02:30 часот во СВР Скопје на бул. „Србија” во Скопје, 17-годишен малолетник од Скопје управувајќи мопед, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Претходно, малолетникот не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници на бул. „Борис Трајковски” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и при тоа е утврдено дека не поседувал возачка дозвола, а мопедот не бил регистриран. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата