Утрински Весник
Балкан

Во БиХ почнува годишната вежба „ Брз одговор“

20240824082749 Big 730x400 58.webp.webp

Годишната вежба на ЕУФОР „Брз одговор“ започнува денеска во БиХ и ќе трае до 16 септември, а целта на вежбата е да се покаже подготвеноста на таа воена мисија и да се потврди постојаната поддршка на партнерите во БиХ во одржувањето на безбедна и стабилна средина.

Командантот на ЕУФОР Ласло Штиц заедно со началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на БиХ Гојко Кнежевиќ вчера најави дека силите на ЕУФОР од 23 земји веќе распоредени во БиХ ќе учествуваат на годишната вежба, која привремено ќе биде засилена со резервни сили од Австрија, Унгарија, Романија и меѓународните мировни сили на КФОР.

За време на таа обемна обука, ЕУФОР ќе има поддршка од вооружените сили на Босна и Херцеговина за извршување на своите активности, кои ќе обезбедат локации за обука, соопшти ЕУФОР.

Од 24 август до 16 септември граѓаните на БиХ може да очекуваат зголемено движење на војниците, патролирање и други активности, како и транспорт на опрема на резервните сили и летови со хеликоптери низ БиХ.

Можете да прочитате

Вучиќ: Следните 20 дена ќе има одлука за задолжителен воен рок

Голем пожар избувна во населбата Соколана во Бар, Црна Гора

Во Грција потврдени вкупно 140 случаи и 17 починати од вирусот Западен Нил