Утрински Весник
Магазин

Џем од сливи: Лесен рецепт кој ќе го пробате оваа есен

Dzem Slivi.jpg

Џемот од сливи е секогаш добро решение за појадок, за мачкање на леб или и на палачинки.

Никој не може да одолее на вистинскиот вкус на џем од кое било овошје, особено ако е направен од сливи.

Толку е вкусен што нема да престанете да го јадете, а рецептот за џем од сливи е лесен за правење.

Состојки: 1 кг сливи, 250 гр шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер.

Подготовка: Најпрво добро измијте ги сливите, пресечете ги на половина и извадете ги семките. Потоа изберете соодветно тенџере во кое ќе го подготвите џемот, па ставете ред сливи, па ред шеќер и така додека не стигнете до врвот на тенџерето.

Гответе на умерена температура со повремено мешање, да се соедини се, но и шеќерот добро да се растопи.

Дека џемот е сварен ќе знаете кога ќе поминете со лажица низ него и ќе остави трага зад себе, а притоа да се гледа и дното на тенџерето.

Подгответе ги теглите, стерилизирајте ги и ставете ги во рерна на 100 степени. Доволно е да бидат вака околу 15 минути, па жешкиот џем истурете го во тегли, затворете и покријте ги со ќебе или дебел пешкир за да се изладат постепено, а не на собна температура.

Чувајте ги теглите на ладно и темно место.

Можете да прочитате

Овој хороскопски знак е најтешко да се преболи

Македонската учесничка во „Гранд“ Љупка Арсовска го достигна врвот во заводливост

Еве зошто полицаецот прво го допира вашиот автомобил кога ќе ве застане: Ова не го знаат ниту искусните возачи