Утрински Весник
Магазин

Џем од сливи: Лесен рецепт кој ќе го пробате оваа есен

Dzem Slivi.jpg

Џемот од сливи е секогаш добро решение за појадок, за мачкање на леб или и на палачинки.

Никој не може да одолее на вистинскиот вкус на џем од кое било овошје, особено ако е направен од сливи.

Толку е вкусен што нема да престанете да го јадете, а рецептот за џем од сливи е лесен за правење.

Состојки: 1 кг сливи, 250 гр шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер.

Подготовка: Најпрво добро измијте ги сливите, пресечете ги на половина и извадете ги семките. Потоа изберете соодветно тенџере во кое ќе го подготвите џемот, па ставете ред сливи, па ред шеќер и така додека не стигнете до врвот на тенџерето.

Гответе на умерена температура со повремено мешање, да се соедини се, но и шеќерот добро да се растопи.

Дека џемот е сварен ќе знаете кога ќе поминете со лажица низ него и ќе остави трага зад себе, а притоа да се гледа и дното на тенџерето.

Подгответе ги теглите, стерилизирајте ги и ставете ги во рерна на 100 степени. Доволно е да бидат вака околу 15 минути, па жешкиот џем истурете го во тегли, затворете и покријте ги со ќебе или дебел пешкир за да се изладат постепено, а не на собна температура.

Чувајте ги теглите на ладно и темно место.

Можете да прочитате

Истражување покажа дека марихуаната предизвикува поголема штета на белите дробови отколку тутунот

Не можете да стоите на една нога? Тоа може да биде знак за нарушено здравје

Како да препознаеме вистински добра личност?