Утрински Весник
Македонија

Иселеник од Велебрдо донираше возило за итна помош во Здравствениот дом во Ростуше

Itna.png
Dik 300x250 mk

Здравствениот дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше доби нова донација од иселеник од овој крај, што е уште една потврда за поврзаноста и љубовта кон родниот крај.

– Добивме ново, целосно опремено возило за итна помош. Тоа е донација на иселеник од село Велебрдо, кој живее и работи во Швајцарија, но сакаше да остане анонимен. Од мое име, од вработените и од жителите од поширокиот регион голема благодарност и за него и за сите кои до сега ја помогнале нашата здравствена установа, изјави Омер Дурмиши, директор.

Додаде дека неодамна, нова, последователна помош установата доби од хуманитарното друштво „Letzcare“, што го предводи иселеникот Сафет Алили по потекло од село Присојница,  кој со семејството живее во Луксембург. 

Донацијата се состоеше во ехо апарат, инвалидски колички, ролатори, помагала за движење и туширање, специјални униформи за персоналот на службата за итна помош, како и широка лепеза на медицински материјал. 

Додава дека тоа следувало по направената детална анализа за тоа што и е најнеопходно на установата, во која услуга добиваат и жители на соседните општини.

Можете да прочитате

Може да застари случајот со родилката од Дебар, рочишта ќе се закажуваат секој работен ден се до одржување

Полицијата го сопрела при рутинска контрола, она што го виделе внатре ги шокирало

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите