Утрински Весник
Македонија

Форум на жени на ЛДП: И таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус треба да бидат дел од позитивната листа на лекови

20240823115217 Big 730x400 39.webp.webp

Добро е што после 10 години позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување се прошири. Токму затоа нагласуваме дека е неопходна  регистрирација и на таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус и нивно внесување на позитивната листа на лекови, порачуваат од Форумот на жени на Либерално демократската партија.

-Со овие дејствија државата ќе покаже поголема грижа за репродуктивното здравје на жената, а воедно во континуитет ќе се гарантира  достапноста на таблетите. Исто така медикментозниот абортус како алтернативен метод ќе се овозможи на територија на целата држава и на сите нивоа на здравствената заштита, додаваат тие.

Од Форумот на жени на ЛДП потсетуваат дека досега се регистрирани позитивни резултати од спроведувањето на овој вид абортус во Гинеколошко акушерската клиника во Скопје како и во многу држави низ Европа, од која причина ужива голема поддршка од страна на Светската здравствена организација.

-Жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за планирање на семејството по свој избор! Форумот на жени на ЛДП силно верува дека за да ја ужива својата репродуктивна слобода, на жената мора да и се овозможи слободно да одлучува за своето тело, здравје и живот, затоа уште еднаш апелираме до Министерството за здравство да ги регистрира таблетите со кои се врши медикаментозниот абортус, во спротивно не би можеле да кажеме дека државата се грижи за доброто на жените и дека би сакала да го подобри квалитетот на живеење за сите граѓани, додаваат тие.

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева