Утрински Весник
Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран

Vmro Dpmne.webp.webp

Пајазит Пајазити ја оцрни судската фела во целост, молкот на Судскиот совет е само доказ зошто треба да биде реформиран.

Ако институциите во правосудството на целата очигледна незаконитост не го разрешат Пајазити, тогаш сами потврдуваат дека се испостава на ДУИ и Филипче.

Пајазити не само што го овозможи бегството на Блерим Рамадани, туку и условно го осуди Иџет Мемети, кој призна дека земал поткуп, дело за кое е предвиден затвор.

Пајазити е судијата кој не определи притвор ниту за бандитите кои упаднаа на скопскиот аеродром.

Институциите во правосудството со молкот кој го покажуваат кон Пајазити само покажуваат зошто треба да бидат реформирани. Потребна е одговорност.

Можете да прочитате

Зимски циклон со центар над Јонско море ни носи заладување, дожд, се некаде и снег

Голема група социјалдемократи ќе бара промени во СДСМ вели Шилегов

Стојановски: Големата трагедија за жал беше доказ дека здравствениот систем може да функционира