Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈНОВА АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Преку ноќта и утре (вторник) на повеќе места во Македонија врнежи, грмежи и локално силно невреме

K 25637269 640.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Циклонската активност која е со центар над Италија продолжува да влијае на времето во Македонија. Токму поради ова  преку ноќта и утре (вторник) на повеќе места во државава ќе условува поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд кој би можел да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења  и со појава на град. Апелираме, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во Скопскиот регион преку ноќта и рано наутро, како и утре (вторник) очекуваме појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е  и појава на невреме.

За време на овој период, односно преку ноќта и утре (вторник) локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2)

Што се однесува до температурите, тие преку ноќта и утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 20 степени, а утре преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени. Во Скопје утре наутро температурата ќе се спушти до 19 степени, додека во текот на денот  таа ќе достигне до 30 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

МетеоАларм најава за студен и влажен бран кој носи дождови и снегови

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови