Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

1711435164 Oblachno.webp.webp

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. UV=6

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи,  а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер. Од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Можете да прочитате

До 18 часот осум активни пожари, три под контрола

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски

Приведен охриѓанец, вперил пушка кон неколку лица кои го нападнале неговиот малолетен син