Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНE: Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш

Vmro Dpmne 360085 364123 374154.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНE:

Пајазит Пајазити да биде разрешен веднаш, тој е експонент на СДС и ДУИ во судството, кој го руши системот од внатре.

Пајазити не ги задоволува етичките и законски основи да остане да биде судија. Тој наместо затворски притвор, му додели куќен притвор на Блерим Рамадани, и со тоа му отвори пат да избега.

Пајазити знаел дека Рамадани согласно неговото минато и искуство може да се впушти во бегство, но и покрај тоа свесно го ставил во куќен притвор.

Очигледна е намерата на Пајазити да му даде можност на Блерим Рамадани да избега.

Пајазити мора да одговора, а за почеток тој треба да биде разрешен од судската функција.

Можете да прочитате

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба

Поднесено обвинение против директорот на „Геријатрија“ за примање поткуп од 20.000 евра

Со дополнителни даноци за немажени и неженети и со читанки каде пишува „Јас, мама, тато, дада и бато“ Мицкоски ќе се справува со демографската криза