Утрински Весник
Македонија

Филков ја критикува одлуката за Блерим Рамадани: Повик за вонредна седница на Судскиот совет

Dsc 4795 Scaled 1.jpg

Министерот за правда Игор Филков во изјава за ТВ Канал 5 за случајот со Блерим Рамадани рече дека  одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса.  Го повикa Судскиот совет  да одржи вонредна седница на која би се разгледало ова прашање со цел  во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации.
Ви ја пренесуваме во целост изјавата на министерот за правда Игор Филков:

,,Последниот случај со поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, е еден од низата, во кој јасно се отсликува актуелната состојба во судството. Одлуката на судијата Пајазит Пајазити е неразбирлива и не е во согласност со досегашната пракса.  Затоа и довербата на граѓаните во судството, правосудството и обвинителството е на рекордно ниско ниво. 
Оваа судска одлука е уште еден доказ дека се потребни неодложни реформски процеси во судството и правосудството и градење на еден систем во кој ќе има еднаква правда за сите. Во тој систем мора да доминираат вистински професионалци, а не партиски послушници.
Изненаден сум што на денешната седница на Судскиот совет не се отвори и прашањето за случајот со Блерим Рамадани. Очекував да бидат разгледани сите докази, аргументи и факти за одлуката на судијата Пајазит Пајазити. И секако, доколку бидат утврдени  какви било неправилности и недоследности во постапката и процедурата или пак бидат утврдени влијанија при носење на судската одлука, истиот да биде санкциониран и разрешен од функцијата.  
Го повикувам Судскиот совет  да одржи вонредна седница на која би се разгледало и ова прашање со цел  во иднина да не ни се повторат исти или слични ситуации”.

Можете да прочитате

Голем пожар кај Струмица – забрзано се движи кон селата Сушево и Владевци

Активни се 17 пожари на отворен простор, изгаснати 13, а под контрола 5

Делови од Македонија утре во жолта фаза – ќе има високи температури, но и невреме!