Утрински Весник
Македонија

Верувале или не: Николоски се пофали дека има плата за вработените во Пошта и МЖ

Pari 1.jpeg

Македонија е една од ретките држави каде функционери секојдневно се фалат со она што впрочем им е работна задача.

Па така денеска, министерот за транспорт и врски Александар Николоски се пофали дека плата има за вработените од Македонски пошти и Македонски Железници Инфраструктура но и дека од понеделник (19 август) ќе има плата и за Железници Транспорт.

Во продолжение објава на интегрален текст од соопштението на Министерството за транспорт и врски за ова епохално достигнување:

„Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека се обезбедени средства за плати за Македонски пошти и двете железнички пртетријатија. Во продолжение Ви ја пренесуваме објавата:

” Работите се менуваат – во време на СДСМ и ДУИ немаше плата, сега има!

Денес плата ќе добијат вработените во Македонски Пошти, а вчера добија во Македонски Железници Инфраструктура.

 Од понеделник ќе има плата и за Железници Транспорт.

 Втор месец со ред има редовна плата, а од следниот месец нема да има проблеми за плата затоа што ќе стане ефективен ребалансот на буџетот.

4400 семејства го добиваат тоа што го сработиле.

Знам дека многумина ќе речат дека исплата на плата е нормална работа, ама и тоа не беше така во времето на СДСМ и ДУИ.

Честитки за менаџментот на Македонски Пошти, Железници Инфраструктура и Железници Транспорт.

Сега следи период на истраги и одговорност за претходното недомаќинско работење”, објави министерот Николоски.

Можете да прочитате

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм