Утрински Весник
Скопје

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци и утре во Скопје

20240816091948 Big 730x400 22.webp.webp

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира и утре во раните утрински часови.

На веб-страницата на Град Скопје беше соопштено дека дезинсекцијата ќе се врши денеска и утре.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата.

Од Град Скопје ги советуваа пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.

Можете да прочитате

Инспектори на Град Скопје на лице место фатиле камиони кои нелегално истурале отпад

Казна од 6000 евра за угостителски објект во Аеродром за преголема бучава

Без струја утре делови од Кисела Вода и Илинден