Утрински Весник
Свет

Таткото на фудбалерот Јамал, прободен со нож

Jamal Tatko 1024x590 1.jpg

Мунир Насрауи, таткото на ѕвездата на Барселона и шпанската фудбалска репрезентација, Ламин Јамал, бил прободен во средата вечер на паркинг во североисточниот град на Шпанија, Матаро, пренесоа шпанските медиуми.

Според медиумите повредите на таткото на Јамал биле сериозни, но тој се наоѓал во стабилна состојба.

Според очевидци, таткото на Јамал бил опклоен од група мажи додека го шетал неговото куче. Започнала расправија, по што бил прободен со нож. Нападот се случил во Рокафонда во Матаро, околу 30 километри северно од Барселона, каде што Јамал израснал и каде што неговиот татко и баба се уште живеат.

Претохдно годинава, Јамал стана најмладиот играч во историјата на Европските првенства со 16 години. Тој е и најмладиот играч кој заиграл за Барселона и Шпанија, најмладиот стрелец во историјата на Ла Лига, Шпанскиот куп и шпанската репрезентација.

Можете да прочитате

Димитар Ковачевски, Арбана Пашоли и Стефан Андоновски ќе бидат гости на Конвенцијата на демократите во Чикаго

Скандал: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката – бил под дејство на кокаин

Изгоре и потона јахтата на турски претприемач вредна речиси 16 милиони евра