Утрински Весник
Македонија

Шутаров: После 1.000 дена касно му текна на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не ги пере за катастрофата во Скопје

Pres Gordan Sutarov.jpg

Интегрален текст од прес-конференција, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје од СДСМ

До денеска изминати се точно 1.018 денови од кога ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја востоличија Арсовска за градоначалник на Скопје како „најуспешна менџерка”.

Над 1.000 денови како ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседател на Советот и бројни членови на управните одбори во градот.

За сите изминати катастрофални денови за нашето Скопје, изгубени за скопјани и пропадната шанса за развој и напредок на главниот град виновни се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Откако им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска започнаа да се изживуваат со скопјани.  Иако имаат мнозинство во Советот со години и на секаков можен начин ја кочат работата и на јавните претпријатија и на градот воопшто.

Градот Скопје и јавните претпријатија функционираат врз основа на изгласување на Буџет и Програми за работа.

Но советниците на ДПМНЕ не ги гласаа програмите за:

-воведување брз и еколошки транспорт (БРТ)

-програмата за развој

-програмата за превоз на патници

-за изградба и реконструкција на улици

– за субвенции за улици и патишта

-за заштита на животната средина

-инвестиционите програми за јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ намерно не ги гласаа овие програми, само за да прават штета и да се пресметаат со Арсовска. Заедно со неспособноста на Арсовска ДПМНЕ го турна нашиот главен град во пропаст.

Ова што му се случува на Скопје е најголемата катастрофа после земјотресот. Градот никогаш не бил по нечист, полн е со ѓубре, со јавни претпријатија на раб на колапс.

Град во кој нема нови модерни 250 еколошки автобуси и дури воопшто нема автобуси а тие што ги има доцнат, се палат и не се безбедни.

Се уште не може да се поврзат двата нови моста изградени со пари добиени од ТАВ Програмата, мостот Михајло Апостолски во Аеродром и мостот Љубљанска во Карпош.  

Има неисчистени диви депонии, нереализираните 5 мега паркови, непостоењето на нов модерен луна парк најголем на овие простори.

Ниту еден капитален проект не е реализиран, ниту пак нешто е направено. Загубени денови, загубени години за Скопје кои граѓаните не ги заслужуваат.

После целиот хаос што го создаде во Скопје вчера слушаме дека на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им текнало на Скопје.

Па уште се обидуваат да се прикажат како спасители кои ете ќе ги решеле проблемите во градот.

Касно е дечки. Касните 1.000 денови.

На 400 дена пред локалните избори ова не е ништо друго туку обид за перење на сопствената вина за она што душмански му го направија на Скопје.

Пред било што да направи ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да им се извини на граѓаните на Скопје и да преземе одговорност.

Бараме првенствено ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на сите граѓани на Скопје за ситуацијата во која свесно го донесоа Градот.

Потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори што се случува со капиталните проекти:

Зошто нема нови 250 модерни еколошки автобуси ?

Што ќе се случи со проектот на БРТ? За кој со закон во Собранието и потпишан договор помеѓу министерството за финансии, транспорт и врски и ЕБОР се обезбедија 70 милиони евра за нов концепт на јавен превоз во Градот Скопје, за кои на годишно ниво плаќаме камати заради нереализирање на истиот.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија