Утрински Весник
Свет

Израел ќе гради нова населба на окупираниот Западен Брег

20240814194432 Big 730x400 50.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израел денеска ги објави плановите за изградба на нова еврејска населба на окупираниот Западен Брег, прва од 2017 година. Населбата со израелски доселеници ќе се протега на површина од 148 хектари, пренесуваат локалните медиуми.

Израел денеска ги објави плановите за изградба на нова еврејска населба на окупираниот Западен Брег, прва од 2017 година. Населбата со израелски доселеници ќе се протега на површина од 148 хектари, пренесуваат локалните медиуми.

Израелскиот министер за финансии, Бецалел Смотрич, изјави дека оваа населба е одговор на акциите на палестинското раководство на Западниот Брег и на земјите кои ја признале палестинската држава.

Смотрич соопшти дека израелската Влада денеска одобрила изградба на нова населба, која, како што посочуваат активистите за човекови права, е на локација прогласена за светско наследство на УНЕСКО во близина на Витлеем на окупираниот Западен Брег.

Смотрич истакна дека планот е за населбата Нахал Хелец, која се наоѓа во блокот Гуш Ецион јужно од Ерусалим. – Ниту една антиизраелска и антиционистичка одлука нема да го запре понатамошниот развој на населбата. Ќе продолжиме да се бориме против опасната идеја за палестинска држава и да утврдуваме факти на теренот. Ова е мојата животна мисија и ќе ја продолжам колку што можам, изјави екстремнодесничарскиот политичар.

Според меѓународното право, сите израелски населби на Западниот Брег се сметаат за нелегални, но Израел продолжува да ги проширува. Групата активисти „Мир сега“ го критикуваше потегот, предупредувајќи дека тоа го загрозува културното наследство на областа

Можете да прочитате

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства