Утрински Весник
Македонија

ДЕНЕС И УТРЕ (ПЕТОК) ЌЕ ИМА ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА: Можна е појава на краткотрајно невреме

1723098148 Gfs 0 12.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре (петок) поради веќе споменатиот продор на малку поладен воздух на висина, во Македонија во попладневните часови се очекува дестабилизирање на атмосферата. Токму ова ќе услови да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес во попладневните часови нестабилноста повеќе ќе ја има во западните предели, додека утре попладне локална нестабилност ќе има  и во останатите предели од државава.

Во ваква ситуација, не се исклучува можноста да има  и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.

И во делови од Скопската котлина, особено утре попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС” и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Пронајдена марихуана при претрес во Прилеп, лишено од слобода едно лице

Левица: Врв на вмровската ароганција: со студентскиот оброк да си земат цигара, луѓето да преживеат со 10.000 денари и машки надзор врз жените

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка