Утрински Весник
Македонија

Времето денеска сончево и топло, попладне во западните делови пороен дожд и грмежи

Vreme.jpg

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во петок на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Последните предлог-закони на ДУИ се показател за нивното нецелосно разбирање на Уставот

Приведен маж од тетовско, пронајдена голема количина стока без соодветна документација

Давкова ги прими македонските претставници на 56. Меѓународна олимпијада по хемија