Утрински Весник
Македонија

Почина четиримесечно бебе во Струшко

Opshta Bolnicza Struga.jpg

Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение.

– На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, изјави Димоски.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.

Можете да прочитате

Македонија и ТУРКСОЈ потпишаа Меморандум за зајакнување на културната соработка

СДСМ: ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Тошковски: Новата систематизација во МВР ќе ја намали раководната структура за над 30 проценти