Утрински Весник
Македонија

Унгарски телеком операрот изразува интерес да влезе на македонскиот пазар

Img 2174.webp.webp

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска ја информирал владата дека е пристигнато писмо со намери од операторот 4iG Групација за зголемување на конкуренцијата и намалување на цените на услугите во мобилната и фиксната телефонија.

„4iG Групацијата е вториот по големина телекомуникациски оператор во Унгарија и водечки ИТ систем интегратор, со растечко инвестициско портфолио во секторот на вселенска и одбранбена индустрија. Во 2022 година, 4iG Групацијата се проширува на телекомуникациските пазари на Западен Балкан, воспоставувајќи значајни позиции во Црна Гора и Албанија преку лансирање на сопствениот телекомуникациски бренд – ONE. “4iG Групацијата” изрази интерес за анализа на условите за влез на телекомуникациски пазар во Македонија и нудење на услуги во мобилната и фиксна телефонија. Иницијативата е усогласена со стратегијата на “4iG Групацијата” за проширување на своето присуство во земјите од Западен Балкан“ се вели во соопштението на Владата.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија