Утрински Весник
Македонија

Излетување на возило кај Велес: Возачот и сопатничката тешко повредени

Img 2101.webp.webp

МВР информира дека рано утринава во 08.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор, во близина на село Бусилци, општина Чашка, патничко возило „фиат браво“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К.(75) од Велес, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.К.(70) од Велес, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Можете да прочитате

Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле со автоматска пушка

Докази од судењето: Објектот „Пулс“ бил „темпирана бомба“

Лимани: Јас и ВЛЕН одамна завршивме – поддржувам предвремени избори