Утрински Весник
Македонија

Се чека во колона со часови за влез во Македонија од Евзони

E7d23c3e 62f2 4cda 99a4 485dd59bea84.jpeg

Метеж на „Евзони“ и „Богородица“: Туристите чекаат со часови во долги колони

Денес пред граничниот премин „Евзони“ за влез во Македонија, се формираше колона од возила долга три-четири километри. Ситуацијата не е поразлична ниту на „Богородица“, каде туристите чекаат за влез во Грција. Родители со деца во рацете, на пеколни температури, излегуваат од возилата за да ги прошетаат наоколу, заглавени во метежот кој трае со часови.

Ова е вообичаена слика на овие гранични премини во овој период од годината, кога е врвот на туристичката сезона. Најбројни се македонските и српските туристи, но може да се забележат и регистарски таблички од Унгарија, Австрија, Косово, Германија и други земји.

Туристите кои патуваат со организиран автобуски превоз имаат полесен пристап, бидејќи во лентите за автобуси застојот не е толку голем како во оние за автомобили.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, ако имаш докази повели објави ги

ВИДЕО: Нов голем пожар кај Македонски Брод, изгорени се и куќи

Вицепремиерот Стоиљковиќ за средбата Мицкоски-Курти: Приштинските власти континуирано вршат терор врз Србите