Ига Швjонтек освои бронзен медал на олимпискиот женски тениски турнир во Париз. Првата носителка победи со 6:2, 6:1 против Ана Каролина Шмедлова за само 59 минути игра.
На теренот „Филип Шатрие“ лидерката во светската ранг-листа направи вкупно пет брејка наспроти само еден во корист на Словачката и во првата прилика го заврши мечот.
Швионтек е првата тенисерка од Полска која освоила олимписки медал во тенис. Таа има четири титули на Ролан Гарос во изминатите пет сезони.
Шмедлова, која го зазема 67. место на рангирањето на ВТА, оваа недела за првпат во два последователни натпревари ги победи конкурентките од топ 10 на светската ранг-листа. Словачката победи против шампионката на Вимблдон, Барбора Крејчикова и финалистката на Француското отворено првенство од 2024 година, Јазмин Паолини.
Ига Швjонтек има 40 победи и само 3 порази во кариерата на терените на Ролан Гарос. Полјачката имаше 20 победи директно на земјена подлога пред да загуби од Кингвен Женг во полуфиналето во Париз.
Во сабота во финалето во француската престолнина ќе се соочат Кинеската Женг и Хрватката Дона Векиќ.