По инцидентот на скопскиот аеродром со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Таравари денес на социјалната мрежа Фејсбук ја повика ДУИ да престане да шири манипулации и да ги нарушува односите меѓу Косово и Северна Македонија.
Тој повика јавноста да ги следи фактите, а не, како што речетој, пропагандата на ДУИ.
„Министерството за внатрешни работи и државата немаат надлежност за безбедноста на аеродромот, туку тоа е во надлежност на концесионерот, во случајов ТАВ. Според Виенската конвенција, државните лидери имаат посебен третман за време на патувањето, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот. Слично недоразбирање се случи и кога технички премиер беше Талат Џафери. Зошто ДУИ не зборува за тоа? Ја повикуваме ДУИ да одговори дали за време на нивни патувања избегнуваат скенери“, објави Таравари.