Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтинг на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди

Vmro.jpeg

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Рејтинг на Спасов прави ПР за СДС темелен на лажни вести и навреди, откако доби милион евра во тендери и бизнис од 10 милиони евра од власта на СДС.

Рејтинг на Спасов беше единствена агенција според која СДС водеше, дури и кога катастрофално губеше, сега гледаме и зошто.

Нема друга агенција за мерење на јавно мислење која толку длабоко била влезена во бизниси со поранешната власт.

Добиените милиони очигледно се мотив плус да се води ПР-от на СДС, кој се темели на лажни вести и клевети.

СДС одамна го испушти кормилото, па мора да препушта ПР да им водат агенции како Рејтинг кои ги чинеа милиони додека беа на власт. Очигледно е дека ништо не е сменето во таа партија.

Можете да прочитате

На Денот на Републиката, Мицкоски во Крушево, Давкова на Пелинце, Гаши во Скопје

(Видео) Анкета: Дали платите на функционерите се високи? Еве што велат граѓаните

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка