Утрински Весник
Македонија

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Ana 3 1152x1536 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Aна Котевска, ученичка во специјалната германска паралелка при гимназијата ,,Јосип Броз Тито” од Скопје е овогодинешна апсолутна победничка на Интернационалната oлимпијада по германски јазик „ИДО 2024″ која минатата недела се одржа Гетинген, Германија.

Ана Котевска ја освои златната медала во категоријата на натпреварувачи на Б2 Ниво. Среќното прво место (јазични нива Б2,А2 и Б3) таа го сподели со Махек Кан од Бангладеш и Рајона Иброхимова од Узбекистан. На Интернационалната олимпијада по германски јазик, покрај Котевска учествуваше и Марија Стефановска, идна ученичка во прва година во гимназијата „Јосип Броз Тито”.

Менторка на Котевска и е проф.Кристина Клиафа – Трпеска, класна раководителка и професорка по германски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито”, а на патувањето во Германија ја придружуваше професорката Габриела Темелкоска, претседателка на Здружението на германисти во Македонија.

Осум дена, над 100 ученици од околу 60 земји се натпреваруваа за титулата најдобар ученик по германски јазик во светот. Победниците од националните прелиминарни рунди – на возраст од 14 до 17 години патуваа од целиот свет до финалето во Германија и се натпреваруваа во различни натпреварувачки дисциплини. Олимпијадата се реализираше во соработка со „Гете институт”.

Можете да прочитате

Обемна полициска акција против економски криминал, кривични пријави за 33 лица, 11 од нив уапсени

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните