Утрински Весник
Македонија

Повторно активиран еден крак од пожарот на Јасен

Image 77.png

Еден од изгасените краци на пожарот кај ЈП „Јасен“ во Македонски Брод е повторно активиран, инфомираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гасење на пожарот се вклучени специјалци на Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на Армијата.

„Синоќа и утрово, а и досега, во предел на пожарите кај селото Тажево и ЈП ‘Јасен’ имаше магла помешана со чад, од којашто покрај непрегледноста, не беше безбедно дејствување по земја. По кревањето на маглата и појавата на ветер, се створија услови за распоредување на триесетте припадници на специјалните сили на МВР, но повторно се појави огнот на дел од кракот којшто беше изгаснат во ‘Јасен’“, информираат од ЦУК.

По добиеното известување од ЈП „Јасен“ за реактивирање на пожарот на еден крак, предложено е еден дел од армиските припадници да помогнат во справување со кракот кон село Тажево и Брезница, а другите да се вратат назад кон „Јасен“ и да помогнат да се изгасне и тој крак.

Дејствувањето врз пожарот е во координација со Главниот штаб при ЦУК.

Претходно денеска од ЦУК информираа дека со гасењето на пожарот во Македонски Брод кај ЈП „Јасен“ е изгасен и последниот активен пожар во државата.

Можете да прочитате

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место 

Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир