Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: 150 семејства со новороденче добија по 7.000 денари еднократна парична помош 

Whatsapp Image 2024 07 25 At 11.25.56 A5979b4f.jpg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска додели 150 решенија за еднократна парична помош за новороденчиња во износ од 7.000 денари. Приновата во семејствата е најдрагоцениот дар и најголемата љубов. За да запознае дел од најмалите жители на Центар, градоначалникот Герасимовски ги покани во општината каде што лично им ги врачи решенијата за принова.

„Новите членови на семејството носат најголема среќа, безброј насмевки и милувања, но и големи предизвици. Се надевам дека оваа наша помош ќе покрие дел од семејниот буџет кој во овој период има дополнителни трошоци. Ова се најсреќни мигови во вашиот живот, уживајте, посветете се, затоа што најважната грижа е грижата за семејството и тоа да биде здраво и среќно. Општина Центар непрекинато ќе работи да им обезбеди безгрижно и исполнето детство“, порача Герасимовски.

Покрај еднократната парична помош, семејствата на новите жители на општината добија и пакет производи од компаниите Европа Лек Фарма и Веледа, како и педијатриски услуги од Клиничката болница „Жан Митрев“.

Општина Центар редовно доделува еднократна парична помош за новите родители во рамки на проектите од областа на детската заштита и грижата за најмладите жители на Општината.

Можете да прочитате

СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство

Изгубено е 8 годишно дете – Виктор последен пат е виден на Плоштад

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров