Утрински Весник
Македонија

Лекови, чанти, кафе, парфеми: Косовски државјани криумчареле стока без соодветна документација во Македонија

Carina.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска (24.07.2024) околу 03:50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.

При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.

Г.Ќ.(28) и Џ.М.(27), двајцата од Косово, се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци