Утрински Весник
Македонија

СВР Битола поднесе кривични пријави за „уцена”, „полов напад и силување” и „помагање”

Polici A 24.jpg

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(25) и од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена”, казниво по член 259 и „полов напад и силување”, казниво по член 186 став 1, а во врска со став 4 од Кривичниот законик и против Б.Т.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”, казниво по член 24, во врска со кривично дело по член 259 од Кривичниот законик.

Првопријавениот В.Т., во периодот од август 2023 до 22.07.2024, заканувајќи се на тогаш 17-годишна девојка од Битола дека на социјална мрежа ќе објави фотографии со кои ќе ѝ наштети на нејзината и честа и угледот на нејзиното семејство, извршил обљуба врз неа. Покрај ова, тој на истиот начин ја принудил да му исплати пари, стекнувајќи се со имотна корист од околу 5.500 евра. Во извршување на ова дело му помагал второпријавениот Б.Т., кој внимавал некој да не наиде при подигање на парите, кои подоцна ги делеле.

Двајца се лишени од слобода, а со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во домот кој го користат, при што беа пронајдени докази и предмети за кои постои сомнение дека со поврзани со делата. Судија на претходна постапка на В.Т. му определи мерка притвор, а на Б.Т. мерка на претпазливост

Можете да прочитате

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk

Чупеска: Очајната пракса на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината нема да ме демотивира да се борам против дезинформациите