Утрински Весник
Економија

УЈП : Навремено и точно плаќање данок – заедничка цел на УЈП и сметководителите

Smetkovoditeli 2.jpg

Директорката на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова во текот на вчерашниот ден оствари две одделни работни средби со претставници  на сметководителите од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС) и  Комора на сметководители на Македонија (CAM).

Во рамки на средбите една од главните теми беше дека навремено поднесување на ДДВ пријавите во законскиот рок, но и точното пријавување без дополнителни исправки на пријавите, како и плаќањето на точен износ на данок во законскиот рок е заеднички предизвик и за Управата за јавни приходи и за самите сметководители односно компании. Ова се најважните компоненти за даночниот рејтинг на една компанија се согласија сите и во таа насока разговараа и за  предлогот на компаниите за објавување “бела листа” на даночни обврзници, за што директорката истакна дека Управата за јавни приходи  во следниот период ќе најде можност да го обелоденува даночниот рејтинг и да ги промовира позитивните примери за одговорно даночно однесување.

Се истакна и тоа дека услугите на сметководителите кон нивните клиенти, во најголем дел се поврзани и зависат од процесите во Управата за јавни приходи,  и сметководителите очекуваат од УЈП да добиваат конзистентни пристапи, унифицирани пракси, навремени услуги, соработка во регулацијата на овластувањата за поднесување даночни пријави и биланси и сл.

Состаноците завршија со заклучоци за формализирање на соработката меѓу УЈП и овие здруженија на сметководителите во претстојниот период.  На овој начин првенствено УЈП ќе стекне сигурност дека даночните обврзници добиваат кредибилни совети и услуги од сметководителите за точно исполнување на даночните обврски.

Воедно, УЈП ќе има партнер при имплементирањето на одржливи дигитални услуги според практичните потреби и можности на директните корисници.

Можете да прочитате

Здруженијата на превозници од Западен Балкан утре на средба во Скопје за решавање на проблемот на професионалните возачи во Шенген зоната

Од полноќ значително поевтини горива

Македонија станува сè попривлечна за странските туристи – што стои зад растот?