Утрински Весник
Свет

Израел нареди евакуација на областа што претходно ја прогласи за хуманитарна зона во Газа

Gaza.webp.webp

Израелската армија денеска нареди евакуација на дел од територијата во Појасот Газа, што претходно ја определи како хуманитарна зона.

Армијата објави дека планира да започне операција против милитантите на Хамас кои се во областа и оттаму лансираат ракети кон Израел.

Станува збор за источниот дел на хуманитарната зона Муваси, што се наоѓа на југот од Појасот.

Претходно овој месец, Израел соопшти дека проценува дека најмалку 1,8 милиони Палестинци се наоѓаат во хуманитарната зона што ја прогласи, која опфаќа дел од околу 14 километри долж Средоземното Море.

Можете да прочитате

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Потона брод со мигранти, над 50 загинати