Утрински Весник
Македонија

Досегашниот директор на КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански се враќа во Македонијап

Img 0985.jpeg

Досегашниот директор на Културно-информативниот центар во Тирана, Златко Ориѓански се враќа во Македонија. Во објава на Фејбук вели дека се збогува со блиските пријатели кои таму изминативе години многу му помогнале и кои сега ќе жалат што канцеларијата останува затворена.

-Дојде во Тирана мојот голем пријател Блерим, да ми помогне да се преселам на друго место. Тој беше непознат лик за вас, многу значаен за мене. Се што овде ми помагаше, беше за нула денари. Сношти некаде кај 22.00 часот тргна да си оди. Застана, запали цигара, топло се прегрнавме. И сега? Јас никогаш повеќе од овде нема да поминам, нема да можам да гледам. Ма ништо велам, ти си млад, немој со емоција. Ајде, ти си маж)). Сега ке го заклучиме местово, натака не е наша…Беше готов да заплаче. Слегуваше надолу во подземната гаража и неколкупати погледна накај мене и местово…Срце човек. Просто неверојатно, како да беше видовит, секогаш беше тука, кога беше најтешко. А јас го памтам, како ми монтираше една маса со парченце метал, во тоа време немавме се уште купено шрафцигери. Блерим е наш Албанец, кој несебично работеше за македонскиот Киц во Тирана.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово