Утрински Весник
Македонија

Во следните часови се очекува развој на грмотевични облаци во Македонија – Можно е невреме со силен ветер и со појава на град

677z381 Pljuskovi 66989c4cf10dd.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани мои, во следните часови како резултат на ладен атмосферски фронт од север и тоа во горниот слој од атмосферата, во Македонија и тоа особено во планинските места, но и во оние населени места кои се во близина на планините се очекува локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во ваква ситуација, можна е и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, како и со појава на град. И во делови од Скопската котлина не се исклучува можноста за развој на вакви грмотевични облаци.

Што се однесува до температурите, тие  и понатаму остануваат екстремно високи и касекаде ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Скопската котлина, како и во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и над 40 степени.

Слична ситуација со времето ќе имаме до самиот крај на оваа недела, а како што претходно најавив, поголемо освежување на времето се очекува во текот на следната седмица, но многу повеќе детали околу ова ќе имам во следните мои метео објави.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво