Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон.

И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други.

СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш?

Бараме Мицкоски конечно да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот. И тој се крие веќе трети ден и ништо не кажува на темата а граѓаните чекаат одговори.

Ова ли се луѓето кои обвинуваат за душманско трошење на парите од буџетот? Ова ли се луѓето кои ветуваа транспарентност и отчетност? Се кријат и молчат и со тоа јасно докажуваат дека се криви. СДСМ располага со уште скандали од ова патување кои ќе ги објавиме наскоро.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации