Утрински Весник
Македонија

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје: Комуналниот отпад во општина Аеродром се собира редовно

Img 20240715 Wa0005.jpg

ЈП Комунална хигиена-Скопје информира дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Аеродорм комуналниот отпад се собира и транспортира, во согласност со динамиката утврдена со оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.

„Редовно се врши рачно и машинско метење и машинско миење на улиците и булеварите кои се под надлежност на Град Скопје согласно Планот за јавна чистота. Во изминатиот период на територија на општина Аеродорм расчистени се 115 м3 кабаст отпад и градежен шут“, се истакнува во соопштението.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота и да не го одложуваат отпадот на јавни површини, туку во садовите за смет кои се за таа намена. Кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно.

Ги повикуваат да се активираат и да излезат на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

Можете да прочитате

Алиу: Најдобро и најевтино е новиот клинички да биде кај 8 Септември

Изгаснат пожарот во штипската викенд населба Кумлак

МВР: Од утре започнуваат обуки за управување на мотоцикл до 125cm³  во автошколи кои имаат лиценци за „А1″ категорија